Плејмејкерот на Баерн Минхен, Корентин Толисо е блиску до трансфер во Тотенхем, пренесуваат англиските медиуми.
Спортскиот директор на „спарси“, Фабио Паратичи веќе подолго време ги следи настапите на Французинот и започнал преговори со неговиот агент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Толисо влезе во последната година од договорот и откако стана јасно дека нема да ја продолжи соработката со Баерн, може да биде продаден во јануари.
Антонио Конте сакаше да го донесе Французинот и во Интер, па дал зелено светло за трансферот.
Тотенхем сака да ја победи конкуренцијата и е блиску до договор со играчот, па може да го донесе за симболична сума во јануари.