Дома Фудбал Англија Конте го препороди Тотенхем, сега бара шест засилувања

Конте го препороди Тотенхем, сега бара шест засилувања

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте сака на лето да го засили тимот со шест нови играчи, пишуваат медиумите на Островот.

Тренерот ќе бара нов централен дефанзивец, десен бек, двајца играчи од средниот ред, напаѓач и резервен голман, притоа сака да биде откупен Кулушевски, кој е на позајмица од Јувентус.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанецот  веќе има неколку таргетирани играчи. Меѓу нив се десниот бек на Нотингем, Џед Спенс, централниот дефанзивец на Торино, Глејсон Бремер, и играчот од средниот ред на Брентфорд, Кристијан Ериксен, кој може да се врати во Тотенхем, каде ги помина најдобрите години во кариерата.

Во моментов резервен голман е Пјерлуиџи Голини, кој е позајмен од Аталанта. Сепак, Конте не е особено задоволен од својот сонародник и нема намера да го задржи Наместо тоа, тој го насочи своето внимание кон искусниот Сем Џонстон од Вест Бромвич, кој може да биде ангажиран како слободен агент.

Во исто време се очекува клубот да се раздели со неколку свои непотребни играчи, како што се моментално ангажираните Танги Ндомбеле, Брајан Хил и Џовани Ло Селсо, како и крилниот напаѓач Стивен Бергвајн, кој сезонава не добива голема минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер јунајтед доби „корпа“: Ливерпул бесплатно ќе се засили со голема ѕвезда!?

Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен е при крајот на неговиот договор и за неколку недели може д…