Дома Фудбал Англија Конте бесен: Дали ВАР ќе беше толку храбар против некој голем клуб!?

Конте бесен: Дали ВАР ќе беше толку храбар против некој голем клуб!?

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, беше бесен на ВАР-системот откако беше поништен голот на Хари Кејн во судиското продолжение против Спортинг Лисабон.

Кејн постигна гол во 96-та минута за 2:2, но ВАР го поништи голот, поради милиметарски офсајд.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Навистина би сакал да видам дали ВАР ќе биде толку храбар да донесе ваква одлука против некој од големите клубови. Ова не беше вистинската одлука. Топката беше пред Кејн. Жал ми е, но навистина сум лут, затоа што понекогаш не можеш да прифатиш такви одлуки бидејќи не гледаш правичност во нив. Кога јас не го гледам тоа, тогаш се лутам“, изјави Конте.

„Поради оваа одлука ќе мора да го почекаме последниот мечот со Марсеј. Повторувам дека оваа одлука ни направи огромна штета. Се надевам дека клупските газди го разбираат ова и ќе преземат нешто“, додаде Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато кој клуб ќе го води Анчелоти после Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој има договор со „кралевите“ до летото 2026 год…