Месут Озил е надвор од плановите на Арсенал и последниот натпревар за „топџиите“ го одигра уште во март.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тренерот Артета реши да не го пријави Озил во тимот за Премиер лигата оваа сезона и јасно му порача дека не смета на него.
Меѓутоа, Германецот одби да го напушти клубот бидејќи не сакаше да се откаже од својата висока плата која ја добива на „Емирати“.
Сега пристигна информација од Турција дека Озил може во јануари да го напушти Арсенал и да се пресели во Фенербахче.
Арсенал ќе се откаже од Озил без да добие ниту едно евро за трансфер во јануари, зашто така би ја заштедил неговата плата за шест месеци.