По скоро 11 месеци пауза, Мануел Ноер утре против Дармштад во натпревар од редовното коло на Бундеслигата ќе застане помеѓу стативите на баварците.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Настапот на Ноер го најави и тренерот Томас Тухел.
„Планираме утре против Дармштад на голот на да биде Мануел Ноер, така ќе биде ако не се случи нешто неочекувано во последен момент“, изјави Тухел.
Ноер во декември минатата година на скијање заработи тешка повреда и мораше да му биде направена операција по што следуваше долга рехабилитација. Секако ова е добра вест и за селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман.