Дома Фудбал Конечно дојде крајот – Донарума потпишува нов договор со Милан

Конечно дојде крајот – Донарума потпишува нов договор со Милан

Конечно заврши сагата во врска со судбината на младиот голман на Милан, Џиџи Донарума.

Се очекува 18-годишниот млад голман денеска да потпише нов договор со Милан, откако неговиот постар брат, Антонио успешно ги помина легарските прегледи во пресрет враќањето на „Сан Сиро“.

Младиот голман се согласи да потпише нов договор со Милан, иако претходно одби. Но, успеа да го пронајде заедничкиот јазик со „Росонерите“, а дел од договорот е и враќање на неговиот 27-годишен брат во Милан.

Италијанските медиуми пишуваат дека новиот договор помеѓу Милан и Донарума ќе биде со вклучена клаузула од 70 милиони евра.

Иако има само 18 години, Донарума на голот на сениорскиот тим на Милан стоеше дури 72 пати. Оствари и деби за репрезентацијата на Италија за кого бранеше на четири натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас замина при 0-0, Аталанта падна во финишот; Херера славеше со Борац

Аталанта загуби со 0-2 во Амстердам, со двата гола примени по замената на Елмас. Борац ја …