Дома Фудбал Конечно добри вести за „милионерите“: Ројс е здрав!

Конечно добри вести за „милионерите“: Ројс е здрав!

Офанзивниот играч на Борусија Дортмунд, Марко Ројс веќе е наполно здрав и спремен за игра, потврди германскиот клуб.

28-годишниот Германец беше надвор од терените цели 8 месеци, но сега е целосно рехабилитран од повредата и може да се врати на терените уште оваа седмица.

„Тој може значително да го подобри новото на игра благодарение на своите квалитети. Марко тренира нормално веќе една недела, знаеме дека сака да игра и затоа го повикав. Не треба да очекуваме чуда од него и не сакам да му ставаме преголем притисок бидејќи долго време беше надвор од терените. Нашата цел е Марко Ројс да остане тука долгорочно“, изјави Михаел Цорк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија остана без четвртфинале, но Кјелини гледа причини за оптимизам

По поразот од Белгија со 4-1, Џорџо Кјелини побара трпение за Италија и поддршка за новиот…