Дома Фудбал Италија Конечно добри вести за Интер

Конечно добри вести за Интер

Во Интер денес пристигнаа добри вести после лекарските прегледи на Марсело Брозовиќ, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Прегледите покажаа дека Брозовиќ нема оштетување на бутниот мускул. Хрватот пред време го заврши мечот со СПАЛ, па во Интер стравуваа дека ќе ги пропушти натпреварите против Ајнтрахт во Лига Европа и дербито против Милан.

После денешните прегледи голема е веројатноста играчот за врска да игра на овие два многу важни натпревари за „нероаѕурите“.

Денес дефанзивецот Миранда имаше операција на носот после дуелот со Петања во неделата. Бразилецот со сигурност ќе го пропушти мечот против Ајнтрахт во четврток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Полноќна „бомба“ од „Енфилд“: Ливерпул направи шокантен трансфер!

Ливерпул вечерва заврши шокантен трансфер. Нов играч на Црвените стана шпанскиот фудбалер …