Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан доби добри вести на денешниот тренинг бидејќи се вратија Серхио Рамос и Еден Азар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Белгиецот го пропушти вчерашниот тренинг поради болки во мускулите, но денес помина еден дел од тренингот заедно со своите соиграчи.
Азар не можел до крај да го одработи тренингот, но неговата ситуација е подобра и се очекува наскоро да се врати на терените.
Капитенот на тимот Серхио Рамос, кој е надвор од терените уште од мечот во Суперкупот, исто така денес ги обнови тренинзите.
Сепак, Зидан нема да брза со неговото враќање на терените се до негова целосна рехабилитација и викенов дефанзивецот најверојатно нема да биде повикан за настап.