Дома Фудбал Италија Комичното видео многу го налути Осимен: Наполи за него веќе не постои, најави и тужба

Комичното видео многу го налути Осимен: Наполи за него веќе не постои, најави и тужба

Бура од реакции во италијанската јавност предизвика видеото кое го објави Наполи, а на кое го исмејува сопствениот играч, Виктор Осимен (ТУКА).

Очигледно дека видеото не му се допаднало ниту на самиот фудбалер, а неговиот потег на социјалните мрежи е доказ за тоа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, Осимен по тоа видео го избриша сите слики на кои е во дрес од Наполи.

Во јавноста се огласи и агентот на Нигериецот кој најави тужба.

„Тоа што се случи е неприфатливо. Видеото во кое се исмејува Виктор прво беше објавено, а потоа со задоцнување избришано. Станува збор за сериозен инцидент кој го нарушува имиџот на фудбалерот и го продлабочува трендот на негативни ставови кон него, што вклучува злонамерни објави во медиумите и објавување лажни вести.

Го задржуваме правото да преземеме правни дејствија и какви било правни дејствија за заштита на Осимен“, изјави агентот, Роберто Календа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…