Дома Македонски спорт Мак фудбал Комити: Го фрлате Вардар на буниште за да си решавате ваши спорови

Комити: Го фрлате Вардар на буниште за да си решавате ваши спорови

Ситуацијата со Вардар се уште не е решена, а најактивни во таа борба за спас на клубот се навивачите, популарните „Комити“.

„Комитите“ често се огласуваат со соопштенија, па така беше и денес.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Што се случува зад кулисите на оваа херојска борба за спас на Вардар? Па дали сте нормални што го фрлате Вардар во буниште додека си решавате ваши спорови? Нели ја имате барем и таа мала емоција и човечност во вас. Гледате ладнокрвно како тоне она што на многумина од нас ни е светост, национален идентитет, и нешто со што се поистоветува овој напатен народ?Толку ли е бедна таа гола борба за власт, што ја фокусирате сета ваша енергија, за обезбедување привилегии и бенефит што никој друг, освен вас самите нема да го осети?Каде е Вардар во вашите приказни и стратегии?Каде е народот, кој јасно кажа и покажа дека го сака Вардар и кој повика на Мобилизација за спас на само она мало што остана, свето и чисто, и во што веруваме сите ние?Со што ја храните таа ваша ароганција и себичност? Со страдањето на обичниот народ кој сака да побегне од таа ваша политика, која креира само раздори, и поделби кај народот?Обидете се малку да размислувате сестрано и опширно, а не само фокусирано во играње на дворските игри ! Во која држава ќе живееме доколку немаме симболи кои не подигаат како нација? Дали на оваа наша држава и е потребен Вардар?“, стои во нивното последно соопштение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…