Дома Македонски спорт Мак фудбал „Комити“, „Балисти“…Дај натпреварувајте се во нешто друго – не во навреди и глупости!

„Комити“, „Балисти“…Дај натпреварувајте се во нешто друго – не во навреди и глупости!

Денес во рамките од 1/8 финалето на Купот на Македонија се одигра натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар.

Шкендија успеа да се пласира во следната фаза откако го победи Вардар со 1:0 (во Скопје беше 2:2). И како што е многу пати случај до сега после дербито место да се пишува за убав фудбал, кореографија…Се пишува за инциденти. Зошто!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Зошто еднаш не ги надминеме тие баналности и навивачите и играчите не се насочат кон фудбалот, а не кон работи кои немаат врска со тоа што се случува на теренот.

Во преден план денес се пишува за инцидентот кој се случи во финишот од натпреварот кога момчето кое собира топки го испровоцира голманот на Вардар, Филип Гачевски. И што направи тоа дете? Шкендија веројатно ќе победеше и без таа глупост, само што вака ќе треба да плати казна поради слаба организација.

Зошто и „Балистите“ не навиваа коректно туку мора да се користат вулгарности? Ова важи и за „Комитите“ кога се игра во Скопје.

Зошто не се натпреварувате со подобра кореографија, погласно навивање или нешто слично!? Зошто секогаш мора да има навреди едни кон други. Зарем не ви здосади!?

Токму од таквите работи луѓето и оние кои навистина го сакаат фудбалот престануваат да одат на стадионите. Никој на стадион (оној кој сака фудбал) не оди за да гледа навреди и тепачки, туку оди за фудбал. Да, за фудбал!

И на овој текст веројатно ќе има критики и од едните и од другите, знам и дека нема ништо да се промени, а ние кои навистина го сакаме фудбалот ќе продолжиме да сонуваме за едно поубаво време кое можеби никогаш нема да го има.

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…