Дома Македонски спорт Мак ракомет Коментаторот на ЕХФ: Сите кој го отпишаа Вардар мораат да размислат уште еднаш!

Коментаторот на ЕХФ: Сите кој го отпишаа Вардар мораат да размислат уште еднаш!

vardar

Тимот на Вардар предводен од Парондо игра фантастично и оваа сезона во Лигата на шампионите и во три натпревари има исто толку победи.

После заминувањата на играчите, како и стратегот Раул Гонзалез веројатно никој во Европа не очекуваше Вардар да има три победи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште во првиот натпревар црвено-црните покажаа дека повторно можат да играат против секого, победен беше актуелниот европски шампион Монпелје, а вчера го совладаа и унгарски Веспреем.

Воодушевен од настапот на Вардар во досегашнуот дел од сезоната беше и коментаторот кој работи за ЕХФ, Том О’Бранаген.

Бранаген после вчерашната победа на Вардар објави твит посветен на македонскиот клуб.

„Овој Вардар нема да се предаде! Сите кои ги отпишаа после заминувања, мораат да размислат уште еднаш. Голема победа на гости кај Веспремен“, гласи твитот на Бранаген.

Ќе потсетиме, пред почетокот на сезоната експертите од ЕХФ не го сместуваа Вардар помеѓу 10-те фаворити за европскиот трон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Манчестер Јунајтед спреми 100 милиони за ѕвездата на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…