Дома Фудбал Германија Коман стана трет најплатен играч во Баерн!

Коман стана трет најплатен играч во Баерн!

Преговорите околу продолжувањето на договорот долго траеа, но на крајот конечниот епилог е продолжување на соработката помеѓу Баерн и Коман.

Стариот договор на Коман му истекуваше летото 2023 година, а „Спорт“ пишуваше дека фудбалерот изразил желба да се врати во ПСЖ, но и дека Баерн има намера да го понуди на Реал Мадрид.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


На крајот ништо нема да има од тоа, со оглед на тоа дека новиот договор на Коман има важност до 2027 година. Исто така тој ќе стане трет најплатен играч во шампионот на Бундеслигата со годишна плата од 17 милиони евра. Повеќе од него добиваат само Роберт Левандовски и Мануел Ноер (20 милиони евра).

Коман сезонава настапи на 17 натпревари за Баерн во сите натпреварувања и постигна пет гола и забележа две асистенции. Со Баерн шест пати беше шампион на Германија, три пати го освои германскиот куп и пет пати Суперкупот на оваа земја. Во 2020 година стигна и до титулата во Лигата на шампионите, а потоа и до титулата на Светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Наполи рутинси против Емполи

Наполи без потешкотии го победи Емполи со резултат 3-0 и сега има само три поени заостанув…