Дома Фудбал Германија Коман го реши финалето, а неговата колекција трофеи е – ИМПРЕСИВНА!

Коман го реши финалето, а неговата колекција трофеи е – ИМПРЕСИВНА!

Кингсли Коман вчера го постигна одлучувачкиот гол во победата на Баерн против ПСЖ во финалето од Лигата на шампионите.

Со ова Коман ја збогати неговата колекција на трофеи која за еден 24 годишник изгледа и тоа како импресивно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На почетоците од неговата кариера беше во ПСЖ каде што не добиваше премногу шанса за докажување, но стигна до две шампионски титули во Франција, еден Лига Куп и еден Суперкуп на Франција. По ПСЖ се пресели во Јувентус. И тука ситуацијата на Коман беше слична повторно не беше во прв пан, меѓутоа освојуваше трофеи. Со „старата дама“ се закити со две „Скудета,“ еден Куп на Италија и еден Суперкуп.

Најмногу трофеи собра со Баерн каде што го игра и најдобриот фудбал. Пет шампионски титули во Германија, четири национални купа, три Суперкупа и од вчера една Лига на шампиони.

Кога ќе се собрет сите трофеи се доаѓа до бројка од 20 трофеи. 20 трофеи на 24 години – ИМПРЕСИВНО!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

ПМФЛ: Пресврти на Силекс и Шкупи, Вардар влезе во црна серија

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпреварите од ПМФЛ. Екипата на Шкупи с…