Крилниот фудбалер на Баерн Кингсли Коман зборуваше за можноста повторно да заигра во дресот на ПСЖ.
Коман беше херој на Баерн во финалето во Лигата на шампионите токму против ПСЖ и стана шампион на Европа, а крилниот фудбалер сега доби прашање дали би се вратил во Франција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тешко. Посебно додека Нејмар го имаат на левата страна, тоа е скоро невозможно. Париз не е во моите планови во кариерата. Имам можеби осум до десет години фудбал на високо ниво, па така не можам ништо двосмислено да кажам. Од ПСЖ имам добри сеќавање. Тој клуб секогаш ќе ми биде помеѓу омилените, но за мене најдобра одлука беше да заминам“, изјави Коман.