Дома Фудбал Останато Колку пари ќе добиваат клубовите од регионалната лига!?

Колку пари ќе добиваат клубовите од регионалната лига!?

Фудбалските сојузи на Македонија, Словенија, БиХ, Хрватска, Црна Гора и Србија под патронат на УЕФА договараат формирање на регионална лига, која според најавите ќе започне во 2018 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Регионалната лига, според предлогот на ФФМ кој го образложи Васко Дојчиновски, би требало да брои 24 екипи.

Според тој модел, лигата би започнала есента во 2018 година откако ќе се знае по завршените квалификации кои екипи ќе играат во европските купови, во фазата по групи. Сите клубови во регионот кои нема да минат во Лигата на шампионите или Лига Европа, автоматски би биле префрлени во фазата по групи во регионалното натпреварување односно во шест групи со по четири екипи.

Медиумите во регионот откриваат дека УЕФА за регионалната лига подготвила 20 милиони евра и дека секој клуб со самото учество во неа би добил 800.000 евра.

Покрај тоа ќе биде наградуван пласманот, а клубовите сами ќе ја договараат заработувачката од рекламите и телевизиските права.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се појави интересна теорија: Дали на Гана ѝ одговара пораз од Хрватска?

Во пресрет на последното коло од групната фаза на Светското првенство се појави интересна …