Дома Фудбал Коларов погоди, па направи гест со кој ја подели Италија: Провоцираше или се извинуваше? (ВИДЕО)

Коларов погоди, па направи гест со кој ја подели Италија: Провоцираше или се извинуваше? (ВИДЕО)

Ди Франческо тврди едно, но познавајќи го Коларов, тој за тоа нема причини, доволно е да се погледне што направи за Рома.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Чудна вечер видовме во Верона, навивачите на Рома испраќаа свирежи кон целиот тим, посебно на мета беше Коларов.

Рома го доби Киево со 3:0, но и кога имаа убедлива предност, се слушаа навреди од трибините.

Коларов го постигна третиот погодок за екипата, шести во шампионатот и им се поклони на навивачите.

Ди Франческо тоа го протолкува како извинување.

„За Коларов како човек и играч нема никој право да каже нешто, покажа колку значи за тимот и сите знаеме колку се жртвувал, играше повреден. Тој е вистински лидер и професионалец. Тоа што се поклони беше убав гест за мир со навивачите“, изјави Ди Франческо.

Тоа го смета Ди Франческо, додека некои овој потег на српскиот фудбал го сфаќаат како иронична провокација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Суарез сака да се врати во репрезентацијата на Уругвај

Повеќе од еден месец пред почетокот на Светското првенство, најдобриот стрелец во историја…