Фудбалерите на Рома вечерва играат на гости против Ливерпул во првиот полуфинален натпревар во ЛШ.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Волчицата направи неверојатен подвиг со победата на Барселона во четвртфиналето, но од римскиот клуб најавија дека не сакаат да застанат тука. Рома е многу блиску до финалето, но за таа цел ја имаат пречката во Ливерпул. На денешната прес-конференција Александар Коларов призна дека се надевал дека ќе игра во полуфиналето против поранешниот клуб Манчестер Сити.
“Ќе беше добро за мене и Един Џеко да се вратиме со Рома на Етихад и навистина верувавме дека Манчестер Сити може да ја надомести негативата против Ливерпул, но сега, како поранешни играчи на Сити, ова е за нас некоја освета. Добивме голем број на пораки од навивачите на Сити кои сакаат да го дадеме максиумот и верувам дека ќе биде така “, изјави Коларов.
Српскиот фудбалер веќе некое време не го обожава Ливерпул, а познато е дека во соблекувалната имаше дрес од Евертон додека настапуваше за Манчестер Сити.