Дома Фудбал Кои се двата најголеми фаворити за освојување на Мундијалот според Луис Фиго?

Кои се двата најголеми фаворити за освојување на Мундијалот според Луис Фиго?

Легендарниот Луис Фиго ги одбра своите фаворити за Мундијалот следната година.

Како што можеше да се очекува, Фиго како два најголеми кандидати ги одвои Шпанија и Португалија. Поранешниот фудбалер на Барселона и Реал Мадрид, новиот УЕФА советник, коментираше за претстојното Светско првенство во Русија за шпанските медиуми.

Шпанија и Португалија се главни конкуренти поради силата на екипата, но и од чистата мотивација, изјави Фиго.

„Португалија и Шпанија секако се фаворити, не само во групата, туку и во целото натпреварување. Сепак, не смееме да заборавиме дека тука постојат и останатите екипи кои можат да не изненадат. Без сомнение, Португалија ја доби една од најтешките групи, но тие исто така ја имаат и една од најдобрата екипа и мотивација“, изјави Фиго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кровиновиќ замина во Бразил, а Гремио сега стравува од испаѓање

Шест кола пред крајот, бразилскиот великан е под линијата за опстанок. Поранешниот играч н…