Дома Трансфер зона Кое е најдоброто засилување во Премиер лигата?

Кое е најдоброто засилување во Премиер лигата?

Ова лето беа поместени границите во фудбалскиот свет, откако Нејмар за рекорден трансфер од 222 милиони премина од Барселона во ПСЖ.

После трансферот на Бразилецот цените на сите светски фудбалери главно скокнаа, меѓутоа одредени тимови од Премиер лигата се засилија пред тој трансфер и добро испазарија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога станува збор за Премиер лигата меѓу најдобрите трансфери е сигурно Мохамед Салах кој во Ливерпул пристигна за „само“ 40 милиони евра плус бонуси.

Тука е секако и трансферот на фантастичниот Алваро Мората за кого Челзи плати 65 милиони евра плус бонуси.

Според многумина најдобриот трансфер летово на Островот го направи Ватфорд кога за 12 милиони евра го купи Ричарлисон од Флуминенсе. Исто така одличен трансфер направи и Брајотон кој за само 3 милиони евра го ангажираше Паскал Грос од Инголштад.

Овие трансфери и уште неколку други се на листата на „Sky Sports“ кој направи листа на најдобрите трансфери во Премиер лигата ова лето. (ОВДЕ).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…