Кристиано Роналдо на крајот на сезоната го напушти Јувентус и потпиша за Манчестер Јунајтед, а при заминувањето Португалецот добил молба од близок човек на раководството на „бјанконерите“.
Лапо Елкан, кој е кум на претседателот на Андреа Ањели побарал од Роналдо да не постигне гол против „старата дама“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Со Роналдо сум добар пријател, имаме одлично однос. Нашиот однос нема да се промени со неговото заминување. Тој е одличен и великодушен човек. Кога заминуваше во Јунајтед го гушнав и го замолив само една работа, да не му даде гол на Јувентус“, изјави Елкан за италијанскиот „Скај Спорт“.
Јувентус и Манчестер Јунајтед како што е познато во овој момент не можат да се сретнат затоа што се во различни групи во ЛШ, ќе видиме како ќе се одвиваат работите во понатамошниот дел од сезоната.