Дома Останати Тенис Кога полицаец го победи Федерер со два пати по 6:0…

Кога полицаец го победи Федерер со два пати по 6:0…

federr

Последен пат Роџер Федерер пораз без добиен сет претрпел во финалето од Ролан Гараос против Рафаел Надал во 2008 година. И само четири пати во неговата кариера губел сет со 6:0.

Но, приказната за неговиот најубедлив пораз датира од август 1991 година…Кога имал 10 години.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тогаш Роџер, момче од Базел играл на јуниорски турнир против три години постариот Рет Шмидли и изгубил со 2:0 во сетови (6:0 и 6:0).
Тоа бил првиот јуниорски меч во кариерата на Федерер.

Денес Федерер е освојувач на 20 Грен Слем титула, а Шмидли е – полицаец!

„Тој уште тогаш знаеше што треба да прави на тенискиот терен, но не му успеваше. Правеше многу неизнудени грешки и затоа го победив. Меѓутоа имаше јасен план“, изјави Шмидли

Повремено се сретнуваат, а Роџер го препознава.

„Ми кажува „здраво“, но никогаш не сме зборувале за тој меч. Среќен сум што ме препознава. Успехот често пати знае да ви удри во глава, но кај него има рамнотежа. Славата која ја стекна не го промени“, смета Шмидли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Обвинувања за Ѓоковиќ: Ќе провоцира 340.000 Албанци!

Веќе е познато дека Новак Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот од серијата АТП 250 во Женева кој…