Дома Фудбал Германија Ковач: Се бориме со клубови зад кои стојат цели држави со милијарди

Ковач: Се бориме со клубови зад кои стојат цели држави со милијарди

Тренерот на Баерн Минхен Нико Ковач истакна дека не е задоволен од она што клубот го направи досега во преодниот рок.

Во Минхен ова лето пристигнаа Бенџамин Павар, Лукас Ернандез и Жан-Фете Арп.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ковач отворено порача дека нема доволно играчи.

„Не немаме доволно играчи. Повторно може да бидеме плен во Бундес лигата. Лигата на шампионите е се потешка и кога ќе ги вклучиме повредите кои се неизвежни, јасно е дека потребни ни се уште играчи. Сигурен сум дека ќе доведеме уште некого, верувам дека управата прави се што е потребно“.

„Секогаш е исто. Мораме да се бориме со клубови зад кои стојат цели држави со милијарди. Ова повеќе не е натпреварување на клубови. Абу Даби, Катар и Дубаи имаат повеќе пари од клуб како Баерн“, отворено зборуваше Ковач.

Во Баерн според она што се пишува во медиумите би можеле да пристигнат Лерој Сане и Осман Дембеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…