Матео Ковачиќ се уште има немера ова лето да го напушти Реал Мадрид, а нова дестинација би можело да биде Манчестер.
Ковачиќ во моментов е со Хрватска на Светско првенство и утре би требало да заигра од првата минута против Исланд, но не беше стартер на претходните два натпревари. А зошто не е стартер? Па веројатно поради тоа што не е ниту во Реал Мадрид и токму поради тоа одлучи да си замине од овој клуб. На новинар од Марка се пожалил дека малку игра и дека е време да побара нов тим.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Откако што јавно ги објави своите планови, следеа голем број на шпекулации, а најновите велат дека Мурињо подготвено го чека во Манчестер Јунајтед. Поранешниот играч на Интер, кој со Реал три пати стана шампион на Европа, има договор до 2021. година во Шпанија, но Реал би можел да го пушти за околу 44 милиони евра и во следниот период би можело да очекуваме двете страни да започнат со преговорите.
Ковачиќ дефинитивно е одличен играч и ако добие шанса, нема сомнеж дека ќе знае да ја искористи.