Дома Трансфер зона Клуб од МЛС лигата го сака Балотели – се чека одговорот на „Супер Марио“

Клуб од МЛС лигата го сака Балотели – се чека одговорот на „Супер Марио“

baloteli

Италијанскиот напаѓач, Марио Балотели (27) би можел кариерата да ја продолжи во американската МЛС лига.

„Супер Марио“ во овој момент го носи дресот на француска Ница, но со оглед на тоа дека договорот му истекува на крајот од сезоната многу веројатно дека ќе ја промени средината.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претходните неколку недели Балотели на големо се поврзуваше со Рома. Наводно неговиот агент Мино Раиола имал разговор со луѓе од таборот на „волчицата, но италијанскиот клуб не е единствениот заинтересиран.

Тимот од МЛС, ДЦ Јунајтед би сакал да го види Балотели во своите редови. Тие го контактирале Раиола и му понудиле договор на Италијанецот, а наскоро се очекува фудбалерот да се огласи во медиумите.

Балотели во својата кариера во Италија настапуваше за Интер и Милан, додека во Англија беше член на Манчестер Сити и Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ричарлисон: Психолог ми ја спаси кариерата

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон откри дека имал психолошки проблеми и дека во еден момент с…