Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп има нова трансфер цел за засилување на средниот ред, а станува збор за ѕвездата на Лидс, Келвин Филипс.
Приоритет на „црвените“ во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, па ќе се насочат кон англискиот репрезентативец, Келивин Филипс од Лидс. Тој одигра одлична сезона и беше важен дел од репрезентацијата на ЕП.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, Ливерпул ќе треба да ја победи конкуренцијата, бидејќи за 26-годишниот играч за врска интерес покажува и Манчестер Јунајтед.
Англиските медиуми пренесуваат дека „црвените“ наскоро ќе стапат во контакт со неговиот агент за да постигнат договор за трансфер на лето.
Would he fit in under Klopp? https://t.co/laGMwADfQz.
— MARCA in English (@MARCAinENGLISH) December 9, 2021