Новинарите со едно прашање посебно го изнервираа Јирген Клоп…
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Медиумите на Островот ги интересираше дали Клоп поради повредите ќе мора да купи стопер во јануари, а сигурно не очекуваа одговор каков што добија.
„Тоа се глупости и такво нешто само вие можете да прашате. Имаме четири стопери, два ипол од нив се повредени“, алудираше на изостанувањето на Гомез и Матип, како и повредата на Ловрен против Вулвс во ФА купот, остана само Ван Дијк, но и тој е уморен.
Се споменуваше Тарковски од Барнли како потенцијално решение, но Дајс не сака да се откаже од репрезентацијата на Англија и бара огромна сума од 60 милиони евра.
Клоп против Вулверхемптон на местото на Ловрен во игра го пушти 16 годишниот Хорвер.
Како и да е, што и да прави Клоп сигурно нема да купува стопер.
„Мораме да смислиме нешто, имаме четири стопери, не можеме да купуваме некого за два или три месеци, а после да му кажете во ред е сега ни се вратија играчите“, потенцираше Германецот.