Една од главните трансфер цели на Ливерпул во летниот преоден рок ќе биде доведување еден играч за врска кој ќе може да го замени Емре Чан.
Германецот одби да го продолжи договорот со „црвените“ и сигурно ќе го напушти „Енфилд“, а англиските медиуми тврдат дека Клоп неговата замена ја пронашол во Лондон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Ливерпул внимателно ја следи ситуацијата околу играчот за врска на Тотенхем, Виктор Ваниама.
Покетино оваа сезона го користи Ваниама главно како џокер од клупата, па Африканецот е спремен да ја промени средината.
Клоп смета дека Ваниама одлично ќе се вклопи со новото засилување Наби Кеита, па му порачал на раководството да испрати понуда до неговиот агент.