Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека челниците на клубот се во преговори со Емре Чан околу продолжување на договорот.
На овој 24-годишен фудбалер на крајот од сезоната му истекува договорот со Ливерпул, а иако изминатите месеци имаше можност да ја продолжи соработката, до тоа не дојде и се повеќе се зборува дека блиску е неговото заминување од „Енфилд“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, Клоп не е загрижен и за „Скај Спорт“ истакна дека постои гоелма можност Германецот да остане во Ливерпул.
„Ситуацијата е отворена, ништо не е одлучено. Разговараме со него и засега се е добро, освен оној дел што не го потпишал новиот договор. Тоа е се, нема проблеми“, истакна Клоп.
За Емре Чан се заинтересирани голем број на европски гигнати Јувентус, Баерн Минхен, ПСЖ, Манчестер Сити… но последните информации од Островот пренесуваат дека Ливерпул му понудил 250.000 фунти неделно.