Ливерпул синоќа во рамките на 3. коло од групната фаза на ЛШ лесно и заслужено стигна до победа над Црвена Звезда.
Црвените на Енфилд против белградскиот тим славеше рутински со 4:0, а после уверливата победа видно задоволен беше и менаџерот Јирген Клоп, посебно од играта на напаѓачкото трио – Салах, Мане, Фирмино,
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Нашиот план беше веднаш да тргнеме, не знаевме како противникот ќе се брани. Сакавме да играме брзо, течно, но можеби предолго ни требаше да влеземе во тој ритам. Кога натпреварот се смири, почнавме да играме фудбал и да креираме шанси. Се на се, беше тоа добар натпревар и уживав во него.“ – изјави Клоп по натпреварот и додаде:
„Добро е што Салах, Мане и Фирмино постигнаа погодоци, но исто така убаво е да се види Лалана кој се врати на теренот. Фабињо исто така беше добар и Шакири кој беше вклучен скоро во секоја акција.“
Ливерпул во групата Ц моментално е лидер со шест освоени бода, но Клоп е свесен дека до самиот крај ќе биде неизвесно.