Јирген Клоп денес ставил потпис на нов договор и ќе остане во Ливерпул до 2026 година.
Клоп е на кормилото на Ливерпул веќе седма сезона и со него „црвените“ ја освоија Премиер лигата после цели 30 години и стигнаа до врвот на Европа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Овој договор е поразличен поради должината на времето во која сме заедно. Морав да си го поставам прашањето: Дали е во ред за Ливерпул да останам подолго? Заедно со моите асистенти дојдовме до заклучок дека може да се кажа „ДА“, изјави Клоп.
„Има толку љубов во ова место. Тоа го знаев пред да дојдам овде, го запознав уште подобро откако пристигнав и сега тоа го знам повеќе од кога било досега. Ние сме клуб кој постојано се движи во вистинската насока. Имаме јасна претстава за тоа што сакаме да го постигнеме“, додаде Германецот.