Дома Фудбал Англија Клоп откри кога ќе го напушти Ливерпул

Клоп откри кога ќе го напушти Ливерпул

Јирген Клоп во разговор за SWR откри уште колку долго ќе се задржи во Ливерпул.

Германскиот стручњак на Енфилд пристигна во 2015. година откако претходно со успех ја предводеше Борусија Дортмунд, а во Ливерпул успеа да го оствари она поради кое дојде.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со освојувањето наЛШ го врати Ливерпул на врвот во европскиот фудбал, а после 30 години чекање го врати на Енфилд и насловот првак на Англија. Поради тие резултати тој веќе е легенда помеѓу навивачите.

Многумина се прашуваат уште колку долго ќе го предводи Ливерпул, а сега и самиот тој даде конкретен одговор на тоа прашање.

„Ќе бидам во Ливерпул уште четири години, толку ми трае договорот. После тоа една година сигурно нема ништо да работам, а потоа се е можно. Можеби ќе преземам некој друг клуб или репрезентација, можеби и ќе ја завршам кариерата, бидејќи светот за пет години може да изгледа сосема различен.“ – изјави Клоп.

На прашањето каде сака да живее кога ќе ја заврши кариерата, Клоп рече во Мајнц, каде порано беше играч и тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…