Дома Фудбал Клоп одлучи: Нема засилувања во јануари

Клоп одлучи: Нема засилувања во јануари

Ливерпул има големи проблеми во дефанзивната линија поради повреди, па медиумите шпекулираа дека „црвените“ сигурно ќе донесат врвен дефанзивец во јануари.

Клоп има големи проблеми во дефанзивната линија поради повреди. Најпрво се повреди Ван Дајк кој ќе ја пропушти целата сезона, а потоа и Џо Гомез кој ќе паузира неколку месеци.

Поради тоа Фабињо игра принудно во дефанзивната линија и Бразилецот одлично се снајде во улогата на дефанзивец. На последниот меч се повреди и Жоел Матип, но се очекува да не паузира долго.

И покрај сите проблеми од „Енфилд“ не планираат да купуваат дефанзивец во јануари. Наводно Клоп смета дека нема потреба од нов дефанзивец бидејќи ќе може да смета на 19-годишниот Натаниел Филипс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џеко чека историски гол, Курањи предупредува: Годините си го прават своето

Шалке тешко доаѓа до голови, а улогата на 40-годишниот Един Џеко е под лупа. Курањи ги пос…