Дома Топ вести КЛОП НЕ СЕ ШЕГУВА: Ливерпул на чекор до две ГОЛЕМИ засилувања, со нив би биле НЕЗАПИРЛИВИ

КЛОП НЕ СЕ ШЕГУВА: Ливерпул на чекор до две ГОЛЕМИ засилувања, со нив би биле НЕЗАПИРЛИВИ

Работите во моментов изгледаат многу розово за Ливерпул, бидејќи нивниот напад е еден од најдобрите во Премиер лигата и Лигата на Шапионите, каде што успеаа да ја победат Рома со 5:2 на „Енфилд“ на првиот натпревар од полуфиналето.

Големата победа против Рома можеби не беше неочекувана, но доволна за да се стигне до финале и покрај поразот во реваншот на „Олимпико“ од 4:2. Начинот на кој Јирген Клоп постигнува добри односи со тимот доволно е да ги разбуди навивачите, бидејќи неговите засилувања се покажаа како полн погодок. Минатото лето ги доведе Салах, Окслејд-Чемберлен и Енди Робертсон, а сите настапија над сите очекувања, додека Ван Дијк изгледа како авторитетен стопер кој му беше потребен на Ливерпул.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Две ѕвезди од Серија А се наоѓаат на трансфер листата на Ливерпул, пишува „The Times“. Првиот е голманот на Рома, Алисон со кого Ливерпул преговара за да го реши договот што побрзо, а тој изгледа како да сака да тргне по патот кој го помина Салах. Вреди да се напомене дека за одличниот голман на Рома заинтересиран е и Реал Мадрид.

Иако Алисон долго беше поврзуван како потенцијален играч на Ливерпул, играчот на Наполи, Јоргињо е релативно ново име кое се поврзува со клубот. Бразилецо со италијанско државјанство беше играч за врска од висок профил кој е јасно на трансфер листата на Ливерпул, заедно со Кеита кој доаѓа на крајот од сезоната. Сигурно со нив, „Црвените“ би биле уште посилни од сега…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан на чекор од засилување од Примера

Милан постигал договор со поранешниот лев бек на Барселона, Хуан Миранда, кој моментално н…