Дома Фудбал Англија Клоп не може да верува како Челзи го пуштил Салах: Што гледаа?

Клоп не може да верува како Челзи го пуштил Салах: Што гледаа?

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го „пецна“ Челзи за фактот дека многу лесно се откажаа од Мохамед Салах, кој сега е најдобар играч во Премиер лигата.

Египќанецот не успеа да се наметне на „Стенфорд Бриџ“, па се пресели во Италија, од каде пристигна на „Енфилд“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Многу играчи не успеаа да се наметнат во Челзи, пример Кевин де Брун. Јас прв пат го забележав Салах кога со Дортмунд игравме против Базел, тој беше неверојатен. Кога се обидов да го купам, тој  веќе имаше договор со Челзи“, открива Клоп.

„Таму не успеа да се наметне и замина во Италија пред да дојде во Ливерпул. Прашањето ми е: „Што гледаа во Челзи и што не им се допадна кај Салах?“. Тој и тогаш играше одличен фудбал, брз, дрибла, постигнува голови“, зачудено праша Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…