Дома Фудбал Англија Клоп на Енфилд прави бедем од два “титани“: Ван Дајк добива партнер од Серија А

Клоп на Енфилд прави бедем од два “титани“: Ван Дајк добива партнер од Серија А

Позицијата на втор стопер во Ливерпул е една од најранливите во тимот на Енфилд.

Јирген Клоп во последните години ги донесе посакуваните засилувања и стрпливо го направи можеби и најдобриот тим на денешницата, кој претходната година ја покори Европа, а оваа сезона е доминантен во ПЛ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот стручњак веќе во екипата го има најдобриот стопер на светот, Вирџил ван Дајк и има цел на Енфилд да направи одбранбен бедем од два “титани“, бидејќи во екипата го посакува Кулибали.

Кулибали со одличните настапи во Наполи стана врвен дефанзивец, а контроверзниот Де Лаурентис веќе одлучил во текот на летниот преоден рок да го продаде Сенегалецот.

Овој 28-годишен играч пред појавата на пандемијата вредеше 100 милиони евра, но таа цена поради новонастанатата ситуација сигурно ќе се спушти.

Доколку Клоп успее да го донесе Кулибали со сигурност во следните години на располаѓање ќе го има можеби најдобриот стоперски тандем на светот.

Инаку, Црвените ќе имаат жестока конкуренција со оглед на тоа дека Сенегалецот во своите редови го посакуваат и ПСЖ и Њукасл, кој после промената на сопствениците ќе има големи амбиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…