Дома Фудбал Англија Клоп: Моравме да победиме, Солскјер: Ливерпул немаше шанса!

Клоп: Моравме да победиме, Солскјер: Ливерпул немаше шанса!

Големото дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул не ги оправда во целост очекувањата и заврши без голови.

Иако „црвените ѓаволи“ беа приморани да извршат три измени во првото полувреме, Јунајтед сепак успеа да го запре Ливерпул и на крајот двата тима ги поделија бодовите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бодовите им беа потребни на двата тим, па поради тоа во таборот на Ливерпул пости жалење за испуштената шанса да ги освојат трите бода.

„Ова беше чуден натпревар. Почнавме навистина добро. Сите повреди во играта очигледно не чинеа ритам. Тоа ни се случи нас со Боби, но во целост беше катастрофа. Јунајтед играше комплетно со нов среден ред и тројца напред. Го изгубивме ритамот и не можевме да го вратиме. Во деновите кога Јунајтед можете да го победите тоа мора да го сторите, ама ние не го направивме. Имаме бод повеќе, во среда е нашиот нареден натпревар“, истакна Клоп.

„Се лошо што можеше да се случи во првото полувреме, ни се случи. Имавме четири повреди, требаше да го оставиме Маркус Рашфорд повреден на терен. Се изгледаше дека не очекува тешко попладне, но одигравме добро. Не памтам Ливерпул да имаше голема шанса на овој меч. Исто така не памтам дека Де Геа имаше некоја сериозна одбрана. Штом имаат потреба од гол, а го вадат од игра Мохамед Салах, тоа значи, дека Лук Шо одиграл одлично“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реакцијата на Кејн кога му стана јасно дека и оваа сезона ќе остане без трофеј

Хари Кејн во кариерата постигна повеќе од 400 голови, најмногу во Тотенхем каде што одигра…