Дома Фудбал Англија Клоп: Мане е симбол на прогресот на Ливерпул

Клоп: Мане е симбол на прогресот на Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека Садио Мане е симбол на развивањето на тимот во последните години.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Сенегалецот ја игра четвртата сезона на „Енфилд“ и оваа сезона ја одигра фантастилно.

„Во последните години тимот направи големи чекори во развивањето. Садио е пример за тоа како целиот тим стана посилен. Како од еден навистина добар фудбалер тој се претвори во шампион од светска класа“, смета Клоп.

„Се сеќавам кога го зедовме од Саутемптон, му недостасуваше континуитет. Меѓутоа, сега Мане е на едно друго ниво како фудбалер и постојано игра на високо ниво, како во офанзива, така и во дефанзива. Можам да го кажам истото и за останатите фудбалери“, заклучи Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На Башкими – Вардар пак падна навивач од трибина! (Видео)

Натпреварот меѓу Башкими и Вардар, кој се одигра во Гостивар, беше обележан со непријатна …