Дома Топ вести Клоп „заљубен“ во Киеза – спреми богата понуда

Клоп „заљубен“ во Киеза – спреми богата понуда

Англиските медиуми пренесуваат дека Јирген Клоп веќе ја одредил првата желба за летниот трансфер период, а тоа е ѕвездата на Фиорентина, Федерико Киеза.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Киеза игра уште една фантастична сезона во Серија А и се етаблираше како еден од најголемите таленти во Европа, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

За 21-годишниот крилен напаѓач се „тепаат“ најголемите италијански клубови, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Ливерпул.

Ливерпул минатото лето беше блиску до купување на Набил Фекир од Лион, но трансферот пропадна во последен момент. Клоп се уште е во потрага по такоф профил на фудалер, но сега приоритет е токму Федерико Киеза.

Наводно Клоп побарал од челниците на Ливерпул да го донесат на „Енфилд“ ова лето, а „црвените“ веќе спремиле понуда од 70 милиони евра.

Сепак, проблем е големата конкуренција бидејќи за Италијанецот силен интерес покажуваат уште Јувентус, Интер и Милан.

Меѓутоа Ливерпул е спремен да се бори со конуренцијата и нема да жали пари да го донесе Киеза на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…