Дома Трансфер зона Клоп го „отпиша“, а за неговиот потпис ќе се борат Барселона и Арсенал

Клоп го „отпиша“, а за неговиот потпис ќе се борат Барселона и Арсенал

klop

Фудбалерите на Ливерпул играат одлично во домашното првенство каде што се очекува до крај да се борат за титулата.

„Црвените“ под водство на Јирген Клоп станаа сериозна екипа која може да игра и против најсилните, а тоа најдобро го покажаа минатата сезона кога стигнаа до финалето во Лигата на шампионите. Сепак, германскиот стратег не е во целост задоволен од играчкиот кадар кој го има на располагање.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми објавија пред неколку дена дека Германецот го отпишал Алберто Морено кој беше стандарден на левата бековска позиција изминатите сезони. Но, шпанскиот фудбалер воопшто не е во плановите на Клоп за оваа сезона и скоро сигурно ќе го напушти „Енфилд“.

Интер за поранешниот играч на Севиља покажаа Арсенал и Барселона кои се спремни да го доведат во јануари. На Каталонците потребен им е лев бек бидејќи на таа позиција го имаат само Жорди Алба и не би било изненадување ако го видиме во дресот на Барса од јануари.

Сепак, сериозна конкуренција ќе им биде Арсенал. Наводно, Унаи Емери и порачал на управата на Арсенал дека сака да го доведе фудбалерот со кој успешно соработуваше во Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“ од Италија: Рома сака големо засилување од Јувентус

Eкипата на Рома предводена од Даниеле де Роси наводно покажала голем интерес за доведување…