Дома Останати Кошарка НБА Клиперси редат победи, Вашингтон и понатаму лидер на Истокот 🎥

Клиперси редат победи, Вашингтон и понатаму лидер на Истокот 🎥

Лос Анџелес Клиперси продолжуваат со победите во НБА лигата, сега беше совладан тимот на Минесота со убедливи 129:102 во „Стејплс центарот“.

Најефикасен во редовите на Клиперси за кои ова беше седма победа во низа беше Пол Џорџ со 23 поени, Реџи Џексон додаде 21 поен, додека Ентони Едвардс уфрли 21 поен.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Вашингтон беше во серија од 20:0 во првото полувреме и направи клучна предност, па го совлада Орландо со 104:92 на гости. Спенсер Динвиди ги предводеш Визардси со 23 поени. Монтрез Харел постигна 20 поени и тимот од главниот град на САД успеа да го задржи врвот.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ: Индијана – Филаделфија 118-113, Њу Орлеанс – Мемфис 112-101, Торонто – Детроит 121-127, Кливленд – Бостон 91-89.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ го добива најголемиот договор во историјата на НБА!

Лука Дончиќ изминатата вечер беше избран во најдобрата петорка на сезоната во НБА лигата и…