Викендов еден од моментите кои го обележаа 14. коло во ПМФЛ е евроголот од слободен удар на фудбалерот на Струга Трим Лум, Клинсман Цаке.
Цаке го реши натпреварот со Работнички со спектакуларен удар со „надворешна“ во 56. минута. Ако го пропуштивте овој гол треба да го погледнете.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа ова не е првпат Цаке да изведе мајсторија во македонската прва лига. Не така одамна во април, во 25. коло од минатата сезона против денешниот второлигаш Беласица изведе ремек-дело и со пета ја затресе противничката мрежа во мечот кој заврши со победа од 3:1 за стружани.
Клинсман Цаке – мајсторот за евроголови во ПМФЛ!
Фото: ФК Струга Трим Лум