Дома Тенис Кирјос: Јас и Надал ќе го одиграме најгледаниот меч во историјата

Кирјос: Јас и Надал ќе го одиграме најгледаниот меч во историјата

Австралискиот тенисер Ник Кирјос кажа дека утрешниот дуел против Шпанецот Рафаел Надал во полуфиналето на Вимблдон ќе биде најгледан во историјата на спортот.

Кирјос во четвртфиналето го надигра Кристијан Гарин со 3-0 во сетови, односно 6-4, 6-3 и 7-6, додека Надал по голема битка во пет сетови го елиминираше Тејлор Фриц со 3-6, 7-5, 3-6, 7-5 и 7-6.

„Ќе биде нешто посебно да се игра против Надал на Вимблдон. Ме победиш еднаш, но му се реванширав. Нека се подготват сите, ова ќе биде најгледан меч во историјата на тенисот. Во последните две години не мислев дека можам да го направам ова, но сепак се променија многу работи во мојот живот“, вели Кирјос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Милиќ експресно до четвртфинале во Јапонија, сега го чека првиот носител

Деветнаесетгодишниот српски тенисер загуби само три гема во Мацујама, а за полуфинале ќе с…