Дома Тенис Кирјос повторно шокираше: Уште три натпревари и повеќе не мора да играм тенис

Кирјос повторно шокираше: Уште три натпревари и повеќе не мора да играм тенис

Ник Кирјос го совлада Данил Медведев во осминафиналето на УС Опен со 3:1, а потоа шокираше со својата изјава.

„Чувствувам дека играм за многу повеќе од себе. Имам голема поддршка, а од друга страна има и многу кои се сомневаат во мене и би сакале да ме видат на земјата. Тоа е голема мотивација. Не се видов со моето семејство четири месеци, а не го видов ниту целиот тим.. Се надевам дека ќе ја завршиме работата, ќе дојдеме дома и навистина ќе славиме. Само се трудам да не ги изневерувам луѓето, ми се гади да ги изневерувам луѓето. Како што кажав и претходно, ако освојам слем, не знам колкава мотивација би имал потоа, бидејќи е исклучително тешко да се направи тоа“, рече Австралиецот.

„Ова е последниот најголем турнир годинава, мораме да се туркаме и да се охрабруваме, да бидеме позитивни. Потенцијално уште три натпревари, па никогаш повеќе не морам да играм тенис, додаде Кирјос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Промена на патот на Ѓоковиќ во Базел: Бублик се повлече, Руд е новата закана

Повредата на Бублик го промени делот од ждрепката на Ѓоковиќ во Базел. Србинот ќе стартува…