Дома Тенис Кирјос го прекина мечот на УС Опен бидејќи некој во публика пушел марихуана 🎥

Кирјос го прекина мечот на УС Опен бидејќи некој во публика пушел марихуана 🎥

Во мечот од второто коло на УС Опен, Ник Кирјос го совлада Бенџамин Бонзи со (3:1) но дуелот го одбележа неверојатен инцидент на средината од вториот сет.

Австралискиот тенисер тогаш му се пожали на судијата дека мириса на марихуана и му кажа дека тоа му пречи на играта.

Интересно е што и коментаторот на телевизијата која ги пренесува натпреварите од овој турнир за САД изјави дека видел како некој пуши марихуана на трибините, а тоа го потврди и еден од камерманите.

Главниот судија на натпреварот ја предупреди публиката дека не е дозволена консумација на марихуана и натпреварот потоа продолжи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Промена на патот на Ѓоковиќ во Базел: Бублик се повлече, Руд е новата закана

Повредата на Бублик го промени делот од ждрепката на Ѓоковиќ во Базел. Србинот ќе стартува…