Репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска би можел да го напушти „Селхуст Парк“ веќе во јануари.
Вилфред Заха без спомневање е еден од клучните играчи на Кристал Палас. Минатото лето потпиша и нов договор со клубот, иако имаше неколку понуди одлучи да остане.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, „Дејли Мејл“ пренесува дека тоа би можело да се промени во јануари.
Имено, според најновите информации поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед има понуда од кинескиот Далијан Џифанг каде што настапуваат Јаник Караско и Нико Гаитан.
Овој кинески клуб наводно е спремен да го направи еден од најплатените фудбалери на планетата и ќе му понуди договор на четири години тежок 44 милиони фунти, поточно 11 милиони фунти по сезона (12.2 милиони евра).
Тоа е далеку од сумата која ја заработува на „Селхуст Парк“ и не е познато колку Палас ќе заработи од овој трансфер.
https://www.youtube.com/watch?v=ctOBY8B5rME