Дома Трансфер зона Кинезите доаѓаат по Кондогбија

Кинезите доаѓаат по Кондогбија

kondogbija

Гвангжу го сака фудбалерот кој оваа сезона игра одлично во редовите на Валенсија.

Трансферот во Валенсија за Жефри Кондогбија беше полн погодок. Од играч кој во Интер не добиваше шанса за кратко време стана еден од најдобрите фудбалери за врска во Примера.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Токму тој е еден од најзаслужните за одличната сезона на Валенсија, Кондгобија до овој момент во Валенсија за една полусезона постигна три погодоци, што е навистина одлично ако се знае дека во клубовите каде што настапувал претходно не постигнал повеќе од еден гол во првенството.

Кондгобија од неговото доаѓање во Валенсија повеќе пати истакнуваше дека е среќен и дека нема намера да замине, но останува да видиме дали Кинезите можат да влијаат тој да го промени мислењето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…