Еурофарм Пелистер го запиша 12-от пораз од исто толку натпревари во Лигата на шампиони, откако вечерва загуби од Кил (29:23).
Еурофарм Пелистер одигра ужасно прво полувреме, па Кил натпреварот го отвори со предност 6:1, потоа беше и 11:4, а на одмор замина со девет гола предност. Во второто полувреме Кил можеше да си дозволи и мало опуштање па така македонскиот шампион ја намали негативата, но Кил рутински стигна до победа од 29:23.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Богдан Радивојевиќ со шест и Жарко Пешевски со четири гола беа најефикасни кај Пелистер, а голманот Лесјак, заврши со 11 интервенции.
Фото: Еурофарм Пелистер