Килијан Мбапе (24) е подготвен да направи преседан во светот на фудбалот.
Францускиот напаѓач не сака да оди во Ал Хилал од Саудиска Арабија, иако ПСЖ ја прифати понудата од 300 милиони евра за него, и подготвен е да седи наредната сезона на трибините за следната година мирно да замине во Реал Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Килијан Мбапе доби нереална понуда од Ал Хилал. Овој клуб му понуди 700 милиони евра за една сезона, додека на ПСЖ му беше понудено обештетување од 300 милиони, што францускиот шампион го прифати.
Сепак, иако ПСЖ се согласи на трансферот, Мбапе нема намера да игра следната година во Саудиска Арабија без разлика на понудата од 700 милиони евра. Тој само сака да оди во Реал Мадрид и тука е крајот на приказната за него.
Доколку не стане член на Кралевите, Мбапе е подготвен да направи неверојатен преседан во светот на фудбалот. Тој е подготвен да ја следи целата сезона од трибините и на тој начин да им покаже на сите во Париз дека нема намера да игра како што играат тие.
Мбапе веќе ја донесе својата конечна одлука и нема да биде разгледана апсолутно никаква понуда од Саудиска Арабија или некој друг клуб.
Оваа одлука значи и дека Мбапе нема да го видиме на фудбалските терени една година, што сигурно ќе биде голема штета.